Аталанта 32 години го чекаше ова против Јувентус (Видео)

Аталанта на гостински терено славеше против Јувентус со 1:0 во дербито на 14. коло од италијанската Серија А. За гостите од Бергамо ова е историска победа во Торино.

Аталанта цели 32 години немаше победа против Јувентус на гости. Во 26-те меча кои ги имаше одиграно во овие нешто повеќе од три децении, Јувентус победуваше 18 пати, а осум средби завршувале нерешено. Но, така беше се до денеска, кога гостите ја прекинаа оваа неверојатно лоша традиција за нив.

Дуван Запата е херојот на Аталанта, постигнувајќи го единствениот гол на мечот. Запата искористи едно невнимание на домаќините и во 28 минута ја затресе мрежата на Јувентус.

Јувентус најдобрата шанса да се спаси од пораз ја имаше во 95 минута, кога шутот на Пауло Дибала од слободен удар заврши во пречката.

Со оваа победа, Аталанта стигна до 28 бодови и се зацврсти на четвртото место на табелата, додека Јувентус останува со 21 бодови од 14 меча, што е доволно за осмото место во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести