Аталанта го „изрешета“ и Калјари (видео)

Аталанта најавува уште една успешна сезона со третата последователна победа во новата сезона од Серија А. Тимот од Бергамо триумфираше со високи 5-2 против Калјари и тоа е трет последователен меч во кој избраниците на Џампјеро Гасперини реализираат најмалку четири погодоци.

Аталанта водеше со 4-1 уште во првото полувреме по головите на Муриел, Гомес, Пашалиќ и Запата, а петардата ја комплетираше Ламерс во 81-та минута.  За Калјари гол постигна Диего Годин во своето деби за новата екипа, како и Жоао Педро кој во 52-та минута стрелаше за 4-2, пред да биде поставен кончениот резултат.

https://twitter.com/CRO_Scout/status/1312714767308652544

Божицата има максимален учинок по три кола и стои на врвот на табелата во Калчото, со учинок од 13-5 во погодоци. Калјари и натаму е без победа, со само еден бод по три меча.

https://twitter.com/DeportColombia/status/1312714666498502657

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести