Гулит: Италија треба да се врати на својата ДНК, тоа е одбраната, „тики-така“ не е за секого

Еден од најдобрите фудбалери во историјата на Милан и на италијанската Серија А воопшто, Руд Гулит, не се согласува со Леонардо Бонучи, кој рече дека сон му е селектор на Италија да стане Пеп Гвардиола.

Гулит смета дека ако Италијанците сакаат да си ја вратат националната гордост, треба да им се вратат на своите корени, она што им е во крвта, а тоа е одбраната. Одбраната и популарното „катеначо“ беа тие кои им носеа успех.

„Во вашата ДНК е да ги имате најдобрите дефанзивци, добри голмани, добри напаѓачи. Последната титула Италија ја освои благодарение на Кјелини и Бонучи. Тоа е вашата ДНК, одбраната. Не велам дека треба да се паркира автобусот пред голот, но одбраната е важна, едно време ги имавте Малдини и Канаваро. Тики-така фудбалот со многу додавања кои почнуваат од својот 16-ник не е за секого, иако сите сакаат да го играат“, вели Гулит, кој во Италија играше во „златното време“ и кога беше дозволено да играат најмногу тројца странци во екипа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести