Венгер убеден дека Арсенал ќе ја освои Премиер лигата

Арсен Венгер, човекот кој беше предводник на „Непобедливите“, шампионскиот тим на Арсенал од 2003/2004, кога Топчиите последен пат ја освоија Премиер лигата и тоа без пораз, верува дека лондонските Црвено-бели ќе ја освојат титулата во оваа сезона.

„Вечно вториот“ Арсенал и оваа сезона долго време води, но како и многупати во минатото, ја испушти предноста и сега има само три бода предност во однос на Манчестер сити, а Сити има одиграно и еден меч помалку, па за титулата може да одлучува и гол-разлика. Во моментов, Арсенал има за еден гол подобра гол-разлика, но тоа може да биде поништено утре ако Манчестер сити го победи Барнли.

Мислам дека Арсенал ќе ја освои Премиер лигата. Навистина длабоко верувам во тоа, изгледа многу логично. Ми се допаѓа начинот на којшто Езе, Одегард, Хаверц и Мадуеке играат напред. Манчестер сити нема да ги добите сите мечеви до крајот“, рече Венгер, кој сега работи во ФИФА.

Арсенал во последните пет кола сите мечеви ги игра во Лондон, дома со Њукасл, Фулам и Барнли, а гостува кај Вест хем и Кристал палас.

Сити има шест меча за играње, и тоа дома со Брентфорд, Кристал палас и Астон вила, а гостува кај Барнли, Евертон и Борнмут.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести