Аталанта и Фиорентина ја спуштаат завесата на Серија А, Сантандер и Викингур сигурно победуваат (Фото)

3001 – Аталанта – Фиорентина (18:00)

Екипите на Аталанта и Фиорентина ќе го одиграат последниот натпревар од сезоната во италијансата Серија А. Двете екипи кои играа во финалињата од Лигата на Европа и Конференциската лига ќе играат меч без никакво резултатско значење, со оглед на тоа дека се е решено и пред одигрувањето на овој меч. Тоа е одлична можност попладнево во Бергамо да видиме вистинска голеада. Три од последните четири меѓусебни натпревари на овие две екипи завршија со голови во двете мрежи, додека Фиорентина на осум од последните девет натпревари одигра „гол-гол“. Единствениот натпревар на кој немаше голови беше финалето против Олимпијакос.

Предлог тип: ГГ и 3+ (2.00)

 

1320 – Виљареал (Б) – Сантандер (18:30)

Фудбалерите на Сантандер со победа на гостувањето кај испаднатата втора екипа на Виљареал, имаат можност да го потврдат пласманот во разигрувањето од Сегунда, но и да се изборат за што е можно подобра стартна позиција. Сантаднер има три победи на последните четири првенствени натпревари, додека втората екипа на Виљареал има три порази и едно реми на последните четири меча. Во меѓусебните натпревари секогаш имало по најмалку два гол, а последниот меч им припадна на фудбалерите на Сантандер со 2-0.

Предлог тип: 2 & 1+I&1+II (2.14)

 

1640 – Ексцелсиор – НАК Бреда (18:00)

Второлигашот НАК Бреда е блиску до пласман во повисок ранг, откако на првиот меч на домашен терен го победи Ексцелсиор со убедливи 6-2. Домашните денес ќе се обидат да ја надополнат негативата, а тоа е гаранција за нов ефикасен меч. Последните девет натпревари на Ексцелсиор завршуваа со најмалку три гола, додека кај НАК Бреда тоа беше случај на четири од последните пет натпревари.

Предлог тип: : 1-3I&1-3II (1.72)

 

2856 – Розенборг – Фредрикстад (19:15)

Екипата на Розенборг имаше лош старт на норвешкото првенство, додека Фредрикстад тргна над очекувањата, па и двете екипи денес ќе имаат императив за победа. Последнет пат нерешено во меѓусебните дуели одиграа во 2009-тата година, кога беше 1-1, а од тогаш до денес на девет натпревари секогаш победува една од екипите.

Предлог тип: 12 & 1+I (1.78)

 

2853 – Викингур Р. – Филкир (19:00)

Дуел на лидерот и фенерџијата во првенството на Исланд, во кој јасно е кој е фаворитот. Викингур осои 22 од можни 27 бода послед девет натпервари, додека Филкир е закован на дното од табелата со само четири поени. Во меѓусебните натпревари, екипата на Викингур има серија од пет победи по ред над Филкир.

Предлог тип: 1-1 & 2+ (1.81)

- Оглас -

Најнови вести