Фудбалерите на Интер славеа во едно од двете дербија на 15-то коло во Серија А, над Аталанта со 2:3 и тоа како гости.
Со триумфот Нераѕурите дојдоа до 30 бода, со што се израмнија на делба на второто место со Милан и Лацио кои подоцна ги играат своите натпревари. Аталанта остана на 27 бода и на шестото место на табелата.
Аталанта и Интер и останаа верни на традицијата, најчесто натпреварите завршуваат без победник, но кога некој тим триумфира, тоа е Интер.Во последните 13 меча, Аталанта има само една победа, седум меча завршиле без победник, а Интер се радувал четири пати.
https://twitter.com/i/status/1591778222756270084
Аталанта поведе со голот на Локман од пенал во 25-та минута откако Де Фрај направи прекршок во сопствениот шеснаесетник.
Но, радоста на домаќините траеше само 11 минути бидејќи Един Џеко успеа да израмни на асистенција на Лаутаро Мартинез.
https://twitter.com/i/status/1591768424531001354
Во второто полувреме, Нераѕурите за шест минути дадоа два гола. Прво во 56-та минута Џеко му носи предност на Интер, а шест минути подоцна Паломино си постигна автогол за 1:3.
https://twitter.com/i/status/1591777873551147009
https://twitter.com/i/status/1591778517477642240
Во финишот, Паломино успеа да се извади и овој пат ја затресе мрежата на Интер за 2:3, но играчите на Аталанта немаа сила за дојдат до реми.