Аталанта и Шкртел „раскинаа“ три недели по ангажманот

На денот кога им гостува Торино, Аталанта одлучи да ја прекине соработката со дефанзивецот Мартин Шкртел. Искусниот словачки стопер пред само три недели го официјализираше ангажманот на „Бергамо“, каде што пристигна како слободен играч, меѓутоа нема да добие шанса да го облече сино-црниот дрес.

Иако Шкртел беше најавен како корисно засилување за групната фаза во Лигата на шампионите, поради неговата физичка неподготвеност се согласи на заемен прекин на соработката со клубот. Ниту тренерот Гасперини не бил задоволен од залагањата на Шкртел на тренинзите, по што овој раскинот на едногодишинот договор се испостави како единствен логичен потег.

- Оглас -

Најнови вести