Аталанта има нов бисер – Милан и Манчестер сити во трка за најдобриот стрелец во младинската ЛШ

Роберто Пиколи има само 18 години и веќе е на прагот на преселба во голем клуб, а за него се интересираат пред се Милан и Манчестер сити.

Напаѓачот на Аталанта е нов фудбалски бисер што доаѓа од познатата работилница од Бергамо, а блеска годинава во младинската Лига на шампиони.

Пиколи е прв стрелец во луксузното натпреварување за тимови составени од играчи до 19 години. Досега постигна шест гола, колку што има и Трој Парот од Тотенхем, па јасно е зошто има интерес од двата гиганти на европскиот фудбал.

Пиколи е исклучитечно ефикасен и во мечевите од италијанската Примавера и на 7 меча постигна пет гола, што го прави вкупно со головите од ЛШ еден од најефикасните млади фудбалери во Европа.

 

- Оглас -

Најнови вести