Аталанта има супер финиш – Си закажа дуел со Јувентус во Купот на Италија

Аталанта успеа да го елиминира Калјари на гостински терен во осминафиналето на италијанскиот Куп и со победа од 2-0 си закажа дуел со шампионот Јувентус.

Дуван Запата погоди во 88-мата минута, а Марио Пашалиќ во првиот допир со топката во 93-тата минута ја потврди победата на гостите од Бергамо. Пашалиќ влезе во игра 120 секунди претходно и успеа да стави печат на триумфот на Аталанта.

Во четврт-финалето исто така се игра еден меч, а Јувентус ќе ѝ биде домаќин на Аталанта во Торино.

- Оглас -

Најнови вести