Аталанта му набива комплекс на Наполи (видео)

Наполи и Аталанта ремизираа при конечни 2-2 во мечот од 10-тото коло во Серија А. Карло Анчелоти не му даде шанса на Елиф Елмас да запише минутажа против незгодната Аталанта, а неговите останати избраници и трет меч во низа на домашен терен не можат да ја совладаат екипата од „Бергамо“.

Домаќините во два наврати имаа резултатска предност, прво Максимовиќ погоди за 1-0 во 16-тата минута, а потоа Фрулер израмни пред паузата. Полјакот Милик ја продолжи голгетерската форма и донесе ново водство за Наполитанците во 71-вата минута, но Иличиќ со голот за конечни 2-2 не дозволи Аталанта да остане со празни раце.

Наполи останува на четвртото место со 18 бода, а токму Аталанта е пред нив со 21 бод на третата позиција по 10 натпревари во Калчолигата.

https://twitter.com/FeuilledeMatch2/status/1189609834372620288

https://twitter.com/FeuilledeMatch2/status/1189616214403878912

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести