Аталанта му приредува кошмар на Манчестер јунајтед сред „Олд Трафорд“ (Видео)

Аталанта за првпат гостува на „Олд Трафорд“ против Манчестер јунајтед и има фантастични први 30 минути. Гостите од Бергамо водат со 2:0 благодарение на погодоците на Пашалиќ во 15-тата минута и на Демирел во 29-тата минута.

Откако Оле Гунар Солскјер е на клупата на Манчестер, на Црвените ѓаволи во ЛШ ова им е седми меч на свој терен, а петти пат први примаат гол. Овојпат не само што први примија гол, туку веќе имаат два гола негатива.

За разлика од Манчестер јунајтед, Челзи на свој терен без проблеми веќе има предност од 2:0 против Малме. Кристенсен и Жоржињо од пенал погодија за домаќините. Водство од 2:0 има и Вилјареал на гости кај Јанг бојс, додека на останатите три меча кои се играат сега нема погодоци по 30 минути игра.

 

- Оглас -

Најнови вести