Аталанта опасно го стисна шампионот, Јувентус се извади со два гола од пенал (Видео)

Аталанта беше многу блиску до прекин на неверојатната серија од 30 меѓусебни дуели без триумф против Јувентус, но повторно не успеа да слави и по 29 години остана без комплетен успех против Старата Дама.

Гостите од Бергамо апсолутно ја заслужија победата, двапати водеа, а шампионот се спасуваше со головите од пенал што ги реализираше Кристијано Роналдо, па мечот заврши нерешено 2:2.

Дуван Запата го отвори резултатот со гол во 16. минута, а првото полувреме мина во комплетна доминација на Аталанта.

https://twitter.com/ParcerosUnited/status/1282044739701944320?s=20

Јувентус имаше многу проблеми со опасните гости и речиси и да немаше ниту една шанса до 55. минута кога беше досуден пенал за домаќините.

По центаршутот на Пауло Дибала топката го удри в рака Де Рон и судијата Џакомели покажа на белата точка. Кристијано Роналдо беше прецизен и го реализира 10. пенал за Јувентус сезонава и го постигна 27. гол во Серија А.

Сепак храбрите гости од Бергамо кои пристигнаа во Торино со страшна серија од 9 победи по ред во првенството стасаа на прагот на победа со голот на Малиновски во 81. минута.

https://www.youtube.com/watch?v=ADKfkBKP7Ag

За Јувентус беше досуден уште еден пенал во самиот финиш, а Роналдо повторно погоди во 90. минута за 2:2

https://www.youtube.com/watch?v=IvQCxmsHfwc

Јувентус останува лидер на табелата со 76 бода, а Аталанта е на третото место со 67 бода на шест кола до крајот на сезоната во Калчото

- Оглас -

Најнови вести