12.8 C
Skopje
недела, 9 ноември 2025

Аталанта размислува за разделба со тренерот Јуриќ

Фудбалерите на Аталанта ја продлабочија кризата во италијанскиот шампионат со убедлив пораз од Сасуоло со 3-0, продолжувајќи ја лошата серија во домашното првенство, и покрај триумфот над Олимпик Марсеј во Лигата на шампионите, што ја отвори темата за можна смена на тренерот Иван Јуриќ.

Хрватскиот стратег веќе подолг период не ужива големо доверба од навивачите на клубот, а последниот резултат само ја потврдува таа загриженост.

По мечот, Јуриќ истакна дека недостатокот на концентрација бил клучна причина за убедливиот пораз, без да отвора прашања за евентуална оставка.

„Имавме неколку добри натпревари, но денес ни недостасуваше концентрација. Не знаевме како да ја движиме топката, а кога примате голови, работите стануваат уште потешки“, изјави Јуриќ за „ДАЗН“.

Хрватскиот тренер, за чие заминување веќе наголемо се шпекулира, призна дека неговиот тим не игра добро во Серија А и дека головите недостигаат, и покрај напаѓачката ориентација на екипата.

„Многу напаѓаме, но недостасуваат голови. Тешко е, бидејќи тоа се само инцидентни ситуации“, рече Јуриќ, чиј тим оваа сезона постигна 13, а прими 11 голови.

Се споменуваат и кандидатите за нов можен тренер на Аталанта. Тоа се Тијаго Мота и Рафаеле Паладино.

- Оглас -

Најнови вести