Атланта и Оклахома едно полувреме играа со едни, друго полувреме со други дресови (Фото)

Натпреварот помеѓу Оклахома Сити тандер и Атланта хокс ги засени поразот на Јута од Мајами, десеттиот пораз по ред за Хјустон, победата на Лејкерс против Портланд и 19-те асистенции на Дрејмонд Грин, затоа што на овој меч во Оклахома се испиша историја на НБА, и тоа од технички причини.

Екипата на Атланта во сала дојде носејќи со себе само црвени дресови, а бидејќи домашните имаа портокалови дресови, во првото полувреме во „црвенилото“ на терен беше тешко да се препознае кој од која екипа е.

На полувреме, по барање на раководството на НБА лигата, Тандер мораше да си ги смени дресовите, па во второто полувреме тие играа со бели дресови. Во Оклахома велат дека грешката била кај Јастребите, кои требало да играат со други дресови, а не со црвените. И со портокалови и со бели дресови, Оклахома сити беше подобар тим и победи.

- Оглас -

Најнови вести