Италијанецот Џанмарко Тамбери и Мутаз Еса Баршим од Катар се двајца шампиони во иста категорија. Овие двајца атлетичари имаа исто постигнување во натпреварувањето на скок во височина и на крајот падна договор, двајцата да бидат шампиони.
Неизвесно беше финалето во скок во височина и дури осуммина атлетичари ја надминаа висината од 2.30 метри. Кога се дојде до 2.37, Тамбери и Баршим успеаа од прв обид да прескокнат, додека Максим Недасекау од Белорусија скокна 2.37 метри, но не од прв обид.
https://twitter.com/i/status/1421802071318274049
На 2.39 метри немаше херој што може да прескокне, па судиите им понудија на Тамбери и Баршим двајцата да бидат олимписки прваци и да добијат злато.
Кратко траеше договорот на двајцата атлетичари кои ја прифатија понудата, а посебно радосен беше Италијанецот Тамбери.