Атлетик Билбао и Тотенхем во полуфинале, Лацио и Манчестер јунајтед во продолженија (Видео)

Атлетик Билбао и Тотенхем се првите полуфиналисти во Лигата на Европа, а Лацио и Манчестер јунајтед иако важеа за фаворити ќе мораат да играат продолженија на „Олимпико“ и на „Олд Трафорд“ во надеж дека ќе им се придружат.

Атлетик Билбао го победи Ренџерс со 2-0 и се пласира меѓу топ 4, со головите на Ојхан Санцет од пенал и на Нико Вилијамс.

Тотенхем го победи Ајнтрахт во Франкфурт со 0-1 со голот од пенал на Доминик Соланке во 43-та минута и после оние 1-1 од Лондон, оди во полуфиналето.

Лацио во последен миг стигна до 2-0 и ја анулира предноста на Бодо-Глимт од првиот меч. Кастељанос донесе водство во 21-та минута, а Тијани Нослин во 93-та погоди за 2-0. Следуваат продолженија на „Олимпико“.

Манчестер јунајтед исто така ќе игра продолженија против Лион, откако и на „Олд Трафорд“ регуларниот тек од мечот заврши 2-2, идентично како во Франција. Угарте и Далот донесоа водство од 2-0 за Манчестер јунајтед, но во вториот дел израмнија Толисо и Таљафико. Во 89-та минута Толисо беше исклучен, па во продолженијата Црвените ѓаволи ќе имаат играч повеќе на теренот.

- Оглас -

Најнови вести