Атлетик Билбао како голем фаворит гостување кај Еспањол, но на крајот мораше да се задоволи само со бод, откако одигра нерешено, 1-1. Со оглед на киксовите на Реал и Атлетико, екипата од Баскија со победа можеше дополнително да се вмеша во битката за титулата во Ли Лига, но сега останува на шест бода позади Реал Мадрид.
Еспањол дојде во водство преку Фернандес Хаен во 62-рата минута, а Атлетик Билбао се спасуваше од пораз во 77-мата минута со голот на Ојхан Сансет.