Атлетик Билбао во финале, Реал Мадрид „побегна“ од суперкуп Ел Класико

Раул Гарсија со два гола, по еден од игра и пенал, му донесе триумф на Атлетик Билбао од 2-1 против Реал Мадрид во второто полуфинале на шпанскиот Суперкуп. Со ова Баскијците прекинаа пост од пет години без победа над мадридскиот гигант, но продолжија една убава долгогодишна традиција на успеси во дуелите со Реал во мечеви кои се играле на неутрален терен.

Реал уште од 1934 година не победил против Атлетик во меч кој се играл надвор од Мадрид и Билбао.

Искусниот Гарсија има дадено четири гола против Реал, по два за Атлетико Мадрид и Атлетик. Погодокот на Реал беше дело на Карим Бензема во 73-тата минута,и тоа откако голот беше поништен од судиите, но ВАР-снимката покажа дека голот на Французинот е регуларен. Во судиското продолжение имаше спорен момент кога врз Рамос беше направен фаул, но судиите со помош на ВАР-системот проценија дека немало пенал. Реал од 2017 година нема добиено меч на кој губел со 0-2.

Во финалето на Суперкупот, Атлетик ќе се сретне со Барселона, од која неодамна на свој терен беше надигран во лигашки меч.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести