Атлетико џабе бараше пенал, Челзи е на прагот од четвртфиналето (Видео)

Челзи има предност од 1:0 против Атлетико Мадрид по првиот дел на „Стемфорд Бриџ“ и сега е уште поблиску до место во четвртфиналето од Лигата на шампиони. Лондонскиот тим има позитива од 1:0 и од првиот меч, што значи дека Атлетико Мадрид за да помине понатаму треба да даде два гола, а да не прими ниту еден.

Англискиот тим одлично започна и во првите 15 минути имаше целосна контрола на играта (75 отсто посед на топка). Атлетико најдобрата шанса ја имаше во 26 минута кога Караско се обиде да искористи еден кикс на Аспиликуета. Дефанзивецот на Челзи го потегна противникот, Караско падна во шеснаесетникот, но тоа не беше доволно за пенал.

Во продолжение на мечот, Хаким Зијеш донесе радост за Челзи погодувајќи за 1:0, по еден одлично изведен контра напад.

https://streamable.com/7j76w1

На вториот меч кој се игра вечерва, Баерн Минхен ритински го одработи првиот дел против Лацио и води минимално со 1:0. Роберт Левандовски не пропушти шанса да погоди и на овој меч, откако беше прецизен од пенал. Тој погодок може да го видите ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести