Атлетико Мадрид се жали дека бил оштетен во вчерашното дерби против Реал, на кое гостите победија со 3:1. Иако во Шпанија се користи ВАР системот, „јорганџиите“ имаат многу забелешки за судењето на Хавиер Естрада Фернандес.
На социјалните мрежи на Атлетико Мадрид се појавија фотогарафии на кои домаќините сакаат да покажат дека судијата направил неколку големи грешки.
Првата спорна ситуација е при моментот кога беше досуден пенал за Реал по кој Серхио Рамос погоди за 2:1. Според Атлетико, фаулот бил направен надвор од шеснаесетникот.
Втората спорна ситуација е кога беше досуден оф-сајд за Атлетико, во ситуацијата кога Мората даде гол за 2:2. Тој погодок беше поништен.
Третата ситуација е кога домашните бараа пенал во петерецот на Реал Мадрид.