Атлетико и Локомотив се скараа пред вечерашниот дуел во Москва, па објавија почетни состави (Фото)

Локомотив Москва и Атлетико Мадрид од 18.55 часот ја почнуваат својата битка во Лигата на шампионите, а предиграта на овој дуел е интересна.

Бидејќи во прес-службата на Атлетико никој не знае кирилица, решија составот на Локомотив да го преведат на латиница, па беше направена една грешка. Фудбалерот Артур Черњи, беше заведен како Артур Негро. Негро на шпански е црн.

 

Од Локо им порачаа на Јорганџиите другпат да не го користат преведувачот на „Гугл“ поради вакви буквални преводи кои предизвикуваат грешки.

Атлетико на ова гостување тргнува со својот можеби и најсилен состав кој го има на располагање: Облак, Трипие, Хименес, Лоди, Савиќ, Ерера, Саул, Кореа, Љоренте, Феликс, Суарес. На трибините ќе има 8.196 навивачи, а домашните фанови чекаат голови од напаѓачкиот двоец Смолов и Зе Луис.

- Оглас -

Најнови вести