После поразите од Бетис во Ла Лига и Лил во Лигата на шампионите, екипата на Атлетико Мадрид им се врати на победите и го совлада Лас Палмас со 2-0 на домашен терен.
„Јорганџиите“ со оваа победа дојдоа на само бод од градскиот ривал, Реал, кој викендов има пауза поради одложувањето на мечот против Валенсија. Џулијано Симеоне во 37-мата минута ги донесе домашните во водство, а Александер Сорлот во 84-тата ги постави конечните 2-0.