Атлетико ја доби битката со Барселона за играч кој ќе го плати 55 милиони евра

Еден од играчите кои ќе го одбележи летниот преоден рок е Алекс Баена. Младиот фудбалер на Вилјареал беше на мета на двата шпански гиганти Атлетико Мадрид и Барселона, но сега одлучено е која ќе биде негова дестинација.

Баена решил да потпише за Атлетико Мадрид, а тимот од главниот град се согласил да плати 55 милиони евра за предвремен раскин на договорот на Вилјареал. Освен Атлетико и Барселона, за Баена се интересираше и тимот на Ал Ахли, но фудбалерот едноставно сакал да остане во Шпанија.

Офанзивен играч за врска кој знае да игра и по левата крилна позиција се главните места на движење на Баена на теренот. Тој имаше одлична сезона во Примера дивисион во која постигна шест голови, а имаше и девет асистенции.

Баена важи и за еден од најагресивните играчи во шпанското првенство. младиот 23-годишен играч во изминативе три сезони, често заработува жолт картон, па во последните три сезони имаше по девет, 11 и 12 жолти картони во сезона.

Баена има и девет настапи во кои постигнал два гола во во дресот на репрезентацијата на Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести