Фудбалерите на Атлетико Мадрид забележаа победа од 3-1 на домашен терен против директниот конкурент за пласман во Лигата на шампионите, Атлетик Билбао и сега имаат предност од шест поени на четвртата позиција.
Де Пол во 15-тата минута ги донесе домашните во водство, но Нико Вилијамс во 45-тата израмни на 1-1. Сепак, во вториот дел избраниците на Чоло Симеоне постигнаа уште два гола и дојда блиску до посакуваната цел и пласман во Лигата на шампионите. Кореа во 52-рата минута го донесе Атлетико повторно во водство, а онечните 3-1 беа поставени во 80-тата минута кога Симон си постигна автогол.