Атлетико Мадрид изненадувачки загуби на гостувањето кај Лас Палмас со 1-0 и после осум години, се уште останува без победа на гостувањата на Караските Острови. Голот кој значеше и големи три бода за екипата на Лас Палмас беше дело на Хавиер Муњос во 94-тата минута.
„Јорганџиите“ на овој меч имаа шанса да дојдат до 66 бода, колку што има и нивниот градски ривал Реал, но поразот за избраниците на Чоло Симеоне веројатно ќе значи и крај на надежите дека може да се случи чудо и да дојдат до трофејот од Ла Лига.
На другата страна, Лас Палмас дојде до големи три бода во битката за опстанок, па најмалку до недела ќе биде во сигурната зона со 32 бода, два повеќе од Алавес и плус три од Леганес.