Атлетико Мадрид на „Камп Ноу“ елиминиран од третолигаш во шпанскиот Куп!

Атлетико Мадрид шокантно е елиминиран уште на стартот од шпанскиот куп и тоа во дуел со тим што се натпреварува во третата лига. Јорганџиите загубија на гостувањето кај Корнеља со 1:0, а херој на домаќините беше левиот бек Хименес Гомес кој го постигна единствениот гол уште во седмата минута од мечот, кој се играше на стадионот „Камп Ноу Мунисипал“, кој има капацитет од само 1.500 гледачи.

Фаворизираниот Атлетико во составот ги имаше Жоао Феликс Кореа, Саул, Кондогбија, Витоло, Фелипе, но гостите не само шт не постигнаа гол, туку воопшто немаа ниту еден директен удар во рамките на голот на домаќините и на крајот се случи чудо.

Корнеља е тим од Каталонија кој игра во Сегунда дивисион Б, група 3, што е една од повеќето трети лиги во шпанскиот фудбал. Корнеља се бори за опстанок во својата лига, но тоа не беше проблем да го елиминира лидерот во Примера дивисион.

 

- Оглас -

Најнови вести