Атлетико не случајно одбра да игра како домаќин во Букурешт

Во мај 2012 година Атлетико Мадрид ја освои Лигата на Европа, во финалето го победи Атлетик Билбао со 3-0, двоен стрелец беше Радамел Фалкао, еден гол даде Бразилецот Диего и тоа беше прв трофеј за Диего Симеоне како шеф на стручниот штаб на мадридските Јорганџии. Тоа шпанско финале во ЛЕ се одигра во Букурешт, на истиот стадион на кој вечерва Атлетико е домаќин на Челзи во нивниот прв осминафинален дуел од Лигата на шампионите.

Главниот град на Романија буди убави сеќавања кај Симеоне, кој во декември 2011 седна на клупата на Атлетико,и веројатно од такви побуди решија кога веќе не можат во Мадрид, англискиот тим да го пречекаат во Букурешт. Сега Атлетико е тим кој никој не го посакува за противник во елиминациска фаза во ЛШ.

Симеоне на прес-конференцијата рече дека Атлетико е домаќин на мечот и нема да се чувствува како гостин во Букурешт. Во истата оваа фаза во минатата сезона Атлетико елиминираше еден друг англиски клуб, тогашниот актуелен европски првак Ливерпул. Во Атлетико посакуваат Луис Суарес вечерва да го даде првиот гол за нив во Европа, но нема да биде лесно, Челзи по доаѓањето на тренерот Томас Тухел тешко прима голови, и не знае за пораз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести