13.8 C
Skopje
понеделник, 5 јануари 2026

Атлетико освои бод на „Аноета“, а можеше и повеќе ако Гризман беше на своето ниво

Реал Сосиедад го пречека Атлетико Мадрид на „Аноета“ и пресметката заврши со реми 1-1.

Атлетико веднаш на стартот го притисна противникот, ударот на Хулијан Алварез заврши покрај голот, а потоа следеше мирен период пред бурните моменти во финишот на првото полувреме.

Сосиедад првично постигна погодок преку Серлот, но ВАР го поништи голот поради офсајд.

Норвешкиот напаѓач не се предаде и на стартот од второто полувреме ја затресе противничката мрежа овојпат без потреба за ВАР-интервенција.


Сорлот одлично реагираше на прецизниот центаршут од десната страна на Симеоне и со глава погоди во 50-тата минута за водство од 0-1.

Радоста на гостите траеше само пет минути. Гонсало Гуедеш немилосрдно ја смести топката над Облак за израмнување, 1-1.

Во продолжението Атлетико се обиде да стигне до ново водство. Антоан Гризман имаше голема шанса, излезе сам пред Ремиро, но искусниот голман го прочита неговиот потег и го одбрани ударот.

Со ова реми, Реал Сосиедад се наоѓа на 15-тата позиција со 18 бодови, додека Атлетико останува на четвртото место со 38 поени.

- Оглас -

Најнови вести