18.8 C
Skopje
понеделник, 21 јули 2025

Атлетико сака да го купи Адемола Лукман, Аталанта бара 60 милиони евра

Крилниот фудбалер на Аталанта, Адемола Лукман, би можел наскоро да ја продолжи кариерата во шпанската Ла Лига. Според „Кориере дело Спорт“, сериозен интерес за 27-годишниот Нигериец покажува Атлетико Мадрид, кој е подготвен да се вклучи во трка со Наполи за неговиот потпис.

Аталанта поставила цена од 60 милиони евра за Лукман и, според истиот извор, не планира да попушти во преговорите. Наполи, кој исто така го следи играчот, наводно веќе преминал кон разгледување на алтернативни опции.

Во сезоната 2024/25 во Серија А, Лукман одигра 31 натпревар, постигна 15 гола и асистираше петпати. Тој има договор со клубот од Бергамо до летото 2027 година.

Неговите импресивни настапи му донесоа признание за најдобар африкански фудбалер во 2024 година.

- Оглас -

Најнови вести