Атлетико се врати на врвот, потегот на мечот го имаше Облак (Видео)

Атлетико Мадрид со 2-0 ја надигра Уеска и мадридските Јорганџии се вратија на врвот на табелата со три бода предност пред Реал Мадрид. Кореа со трет гол на последните два меча е предводник на нападот на Атлетико, а вечерва погоди и Караско, додека за двата гола асистент беше Љоренте.

Продолжи традицијата Атлетико никогаш да не загуби кога Кореа дава гол. Сепак, при резултат 0-0, гостите имаа прекрасна шанса која не ја искористија поради феноменалната одбрана на Облак.

https://twitter.com/i/status/1385290773659328515

- Оглас -

Најнови вести