Атлетико со луда завршница на Каталонците пред нос им го украде финалето (Видео)

Мадридските клубови Реал и Атлетико ќе играат во неделното финале на шпанскиот Суперкуп. Атлетико требаше да отпатува дури до Саудиска Арабија за тренерот Диего Симеоне првпат да ја победи Барселона во меч од национално натпреварување.

Симеоне дури во 23-тиот обид успеа првпат да ја победи Барса. Во ЛШ тој имаше успех против Каталонците, двапати ги елиминираше, но во Лигата, Купот и Супекупот немаше радост до вечерва. Атлетико ја совлада Барса за првпат по април 2016 година.

Атлетико поведе со 1-0 на почетокот на второто полувреме, па Барса даде четири гола, од кои два беа поништени (признати беа голот на Меси со десна нога и сефтето на Гриезман во кариерата против Атлетико) по прегледувањето на ВАР, а во финишот Алваро Мората од пенал и Анхел Кореа направија нов сензационален пресврт.

Атлетико во 2014 и 2018 година го победи Реал во Суперкупот.

https://twitter.com/i/status/1215374858638561286

- Оглас -

Најнови вести