Атлетико заборави да победува на гости, во Шпанија ќе има луди пет кола во финишот

Атлетико Мадрид е поразен од Атлетик Билбао со 1-2, Јорганџиите не успеваат да победат на последните четири гостувања по ред, па сега првото место им е загрозено од Барселона, која ако го добие заостанатиот меч со Гранада, ќе избие на чело на табелата. Покрај тоа, разиграната Барса треба да го пречека Атлетико, кој е во лоша серија на гостувањата.

На титула уште се надеваат и Реал Мадрид и Севилја, Реал е на два, а Севилја на три бода негатива зад Атлетико, па последните пет кола ќе бидат вистинска лудница.

Инаку, Атлетико со гол на Савиќ во 77-мата минута изедначи на „Сан Мамеш“ и беше блиску до освојување на бод, но Јорганџиите покажаа дека немаат карактер и во финишот примија гол, стрелец беше Ињиго Мартинес и тој погодок ги израдува ривалите на Атлетико.

- Оглас -

Најнови вести