Атрактивна осмица на „Фолксваген арена“ – Волфсбург вози без пораз во Бундеслигата (Видео)

Волфсбург и Вердер одиграа одличен меч со 8 гола на „Фолксваген арена“, а премиерата од деветтото коло во Бундеслигата ја добија домаќините со 5:3.

Популарните Волци одлично газат во новото издание на германското првенство и се уште се без пораз. Вечерва Битенкур со гол за гостите најави прекин на серијата на Волфсбург, но домаќините не дозволија пораз.

Со головите на Баку и на Брукс во кус рок од 180 секунди направија пресврт и тука почна бркотницата. Волфсбург постојано водеше со еден гол разлика, а гостите израмнуваа до 3:3.

Мечот го одлучија Вут Вегхортс со својот втор гол на мечот во 76. минута и Бартош Бјалек во самиот финиш за конечни 5:3, а Вердер остана со фудбалер помалку по исклучувањето на Мохвалд и немаше сили за завршен удар.

Волфсбург има 17 бода на петтото место со четири победи и пет нерешени натпревари и со Баер Леверкузен се единствените непоразени екипи во Бундеслигата.

Вердер остана на 10. место со 11 бодови.

 

- Оглас -

Најнови вести