Атрактивната Ана му удри победнички форхенд на корона-вирусот (Фото)

Атрактивната руска тенисерка Ана Калинскаја го победи корона-вирусот и по двонеделен карантин почна да тренира. Поранешната девојката на познатиот ас Ник Кирјос објасни дека минала низ тежок период, но дека сега се е в ред и со нетрпение очекува да продолжи тениската сезона.

„Тестот од пред три недели ми беше позитивен и морав да бидам во самоизолација 14 дена. Имав главоболки, го загубив чувството за мирис и за вкус и бев постојано исцрпена. За среќа навреме се тестирав и сега се е в ред. Ако ги имате истите симптоми не се двоумете, веднаш заминете на преглед. И секако носете маски и мијте ги рацете. Мислите и на себе и на другите луѓе“, објави на Инстаграм, Калинскаја.

Русинката има 21 година и една од најатрактивните тенисерки од новиот бран, а беше во фокусот кога објави дека е во врска со контроверзниот австралиски тенисер Ник Кирјос.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести