Атрактивната Романка е најуспешната менаџерка во фудбалот: Заработувам многу, но и работам уште повеќе

Атрактивната Романка Анамарија Продан е најуспешната жена менаџер во светот на мажите, во фудбалот, а вели дека заработила милиони евра со напорна работа во бизнис што воопшто не е лесен.

Позната е како сопруга на некогашниот тренер на Стеауа, Лаурентиу Регекамф, кој повторно е пред портите на славниот клуб и можно е повторно да биде кормилар на поранешниот европски првак.

„Јас на позитивен начин го искористив тоа што сум му сопруга на Лаурентиу. Заработив милиони евра, но со напорна и чесна работа, во бизнис што не е лесен, како што многумина мислат. Знам да продадам играч, да потпишам вреден договор за ТВ-права, да заработам пари, но има и доста трошоци“, вели Продан.

Таа учествуваше во најскапиот трансфер на фудбалер од романското првенство во историјата на тамошниот фудбал, а успеа да го продаде Николае Станчу во Андерлехт во 2016 година за 10 милиони евра. Со тоа беше урнат рекордот на Влад Кирикеш, кој замина во Тотенхем исто така од редовите на Стеауа за 9,5 милиони евра во 2013 година.

„Примерот со трансферот на Станчиу е одличен за да се знае колку е тешко да бидеш менаџер. Преговаравме со Андерлехт од 10 часот наутро, се до 21 часот вечерта, кога конечно се договоривме за рекорден трансфер на играч што заминал во странски клуб од романското првенство“ вели Продан.

Од тој трансфер Стеауа доби 10 милиони евра, а се опари и Васлуи со 700 илјади евра. Продан не открива колку заработи во тој „дил“ со Андерлехт, но нема дилеми дека сопругата на Регекамф е најуспешната менаџерка во претежно машкиот свет на фудбалот.

 

- Оглас -

Најнови вести