Аца Лукас бурно ја прослави победата на Црвена ѕвезда, дали вечерва вака ќе се радуваат и фановите на Партизан (Фото)

Синоќа кошаркарите на Црвена ѕвезда го демолираа десеткуваниот Фенербахче со 87:56, а триумфот на свој начин го прослави еден од најпознатите навивачи на Црвено-белите, пејачот Аца Лукас.

Ова беше трета победа за Црвена ѕвезда во осмиот меч во Евролигата, а вечерва шанса да се радуваат имаат и фановите на вториот тим од Белград, кој настапува во најквалитетното европско клупско натпреварување, Партизан.

Црно-белите му гостуваат на Баерн Минхен и се благи фаворити. Квотата за Партизан, кој досега има скор од три победи и четири порази, изнесува 1.92, додека таа за Баерн, кој има учинок 2-5, е 2.05.

Покрај овој дуел, вечерва се играат уште три меча. Во Атина, Панатинаикос го пречекува Жалгирис и ова се очекува да биде еден од најинтересните мечеви од осмото коло во Евролигата, како и тој што се игра во Виторија, каде што ќе се сретнат Басконија и Барселона.

Последниот дуел е меѓу екипите кои се наоѓаат на последните две места на табелата само со по една победа во седум меча, Алба Берлин и Асвел Вилербан.

Sport Life подготви одлична понуда и за игрите „плус-минус“ на кошаркари. Дури 42-ца кошаркари има во играта „плус-минус“ поени, 20-мина за скокови и 17-мина за асистенции.

 

- Оглас -

Најнови вести