Авион со тешка провокација до Роналдо леташе над „Олд Трафорд“ (Фото)

Денешниот премиерлигашки меч помеѓу Манчестер јунајтед и Њукасл, мина во знакот на Кристијано Роналдо, португалската суперѕвезда даде два гола на својот камбек во Премиерлигата после 12 години, но имаш и една негативна работа која не се виде на телевизискиот пренос.

Над „Олд Трафорд“ леташе авион кој носеше порака „Верувајте ѝ на Кетрин Мајорга“.

Кетрин е девојката која го обвинуваше Роналдо дека ја силувал во 2009 година во хотел во Лас Вегас. Пред две години, обвинението е отфрлено, но изгледа има луѓе кои не веруваат дека Португалецот е невин во случајот.

- Оглас -

Најнови вести