Пред околу половна час, на фејсбук фан-страната на РК Вардар објавија дека авионот со ракометарите на Вардар кој треба да тргне од Келн кон Скопје нема да полета според планираното.
Ракометарите сè уште се во Келн и чекаат потврда за летот, така што тие нема да пристигнат како што првично беше најавено во 19 часот. И покрај непланираниот застој, конвојот од навивачи веќе се упати кон аеродромот за да го пречекаат новиот ракометен шампион на Европа.