Австралија не чекаше помош од никого, ја победи преценетата Данска и ќе игра мундијалско осминафинале (Видео)

Австралија е најголемиот добитник во последните два меча во Д групата на Мундијалот во Катар и со победа од 1:0 се пласира во осминафиналето, заедно со Франција, која е прва со подобра гол-разлика.

Популарните Сокероси не чекаа ничија помош и со голот на Mетју Леки во 60-тата минута заслужено ја победија преценетата репрезентација на Данска, која беше посочена како фаворит од сенка, но си оди дома веднаш по првата фаза.

Тунис ја победи Франција со 1:0, но победата им е Пирова, а на крајот славеа и со помош на ВАР-системот, кој го поништи голот на Гризман во 98-мата минута.

Поведоа и победија со 1:0 со голот на Казри во 58-мата минута, но се покуси за два бода од Франција и Австралија.

Франција ќе игра во осминафиналето со второпласираната селекција од Ц групата, во која последните мечеви се играат вечерва, од 20 часот, меѓу Полска и Аргентина и Саудиска Арабија и Мексико.

Австралија ќе игра со победникот од оваа група, а моментно табелата во Ц групата изгледа вака:

Полска 4, Аргентина и Саудиска Арабија по 3, Мексико еден бод.

- Оглас -

Најнови вести