Австралија шести пат по ред ќе игра на Мундијал, Саудиска Арабија ќе мора во бараж (Видео)

Репрезентацијата на Австралија и шести пат по ред ќе игра на Светските првенства, односно седми пат во нивната историја. Кенгурите до пласманот на Мундијалот дојдоа со победата од 2-1 над директниот конкурент Саудиска Арабија, и тоа на гостински терен.

Освен Австралија, пласман на Светското првенство од азиските квалификации имаат обезбедено и Иран, Узбекистан, Јужна Кореја, Јордан и Јапонија.

Репрезентацијата на Палестина беше на чекор од голем успех и пласман во баражот од азиските квалификации, но остана со празни раце во 97-мата минута. Палестинците имаа водство од 1-0 против Оман, но голот од пенал на противникот во 97-мата минута ги остави без пласман во баражот.

Во баражот од азиските квалификации за Светското првенство ќе учествуваат ОАЕ, Катар, Ирак, Оман, Саудиска Арабија и Индонезија. Во оваа фаза репрезентациите ќе бидат поделелени во две групи од по три екипи, а само најдобрите од двете групи ќе се пласираат на првенството во САД, Канада и Мексико, додека второпласираните ќе имаат можност најпрво да разигруваат меѓу себе, а потоа и во интерконтиненталниот плејоф.

- Оглас -

Најнови вести