Австрија го чува бомбардерот за Македонија – Најдобриот стрелец им остана дома, не игра против Англија

Марко Арнаутовиќ нема да игра за Австрија на пријателскиот меч со Англичаните во Мидлсбро на втори јуни и ќе одмара со цел да ја санира повредата на бутниот мускул. Се уште е неизвесен неговиот настап и против Македонија на 13. јуни на премиерата за двете репрезентации на Европското првенство.

Најдобиот стрелец во актуелниот состав на Австрија допатува повреден од Кина на подготовките во Бад Тацмансдорф и се уште тренира под посебен режим и одвоено од останатите играчи.

Фода одлучи да не ризикува и Арнаутовиќ нема да игра против Гордиот Албион во Мидлсбро. Можно е да не игра и со Словачка на 6. јуни, меч што ќе биде последен тест за Австрија пред настапот на ЕП.

Веројатно и Стефан Илсанкер нема да игра против Англија, но тој има само настинка и ќе биде подготвен за игра на континенталниот шампионат.

Се уште не се знае каков е проблемот со Јулијан Баумгартлингер, капитенот на Австрија, кој се пожали на повреда на коленото, кое го оперираше во јануари.

Главната болка на Австријците сепак е Арнаутовиќ, човекот што има постигнато 26 гола за репрезентацијата и е седми најдобар стрелец во нивната историја.

Марко ни даде два гола во Скопје на квалификацискиот меч пред две годни кога Австрија ја победи Македонија со 4:1, па јасно е зошто Фода е загрижен.

 

Австријците се надеваат дека Арнаутовиќ ќе биде подготвен за премиерата на ЕП против Македонија, на 13. јуни во Букурешт од 18 часот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести