Австриска симфонија во второто полувреме – Арнаутовиќ не утнува пенали

Австрија е подобра во првите 15-тина минути од второто полувреме, ја стисна Македонија на својата половина, а казната стигна во 62-рата минута, кога судијата Есков досуди пенал по стартот на Егзон Бејтулаи.

Прецизен од белата точка со силен удар беше капитенот на Австријците, Марко Арнаутовиќ, па се случи комплетен пресврт, и тоа заслужен во корист на гостите.

Сега тие водат со 2:1, па Македонија ќе мора да напаѓа, но во второто полувреме тешко ни оди. Австријците доминираат, и пред голот имаа зрели шанси, па ќе ни биде тешко да избегнеме втор пораз во двата јунски меча во квалификациите за ЕП.

- Оглас -

Најнови вести