Австријците покренаа истрага, се сомневаат во регуларноста на победата на Рид од 9-0

Екипата на Рид си го прослави пласманот во Типико Бундеслигата на Австрија, откако во последното коло го разби Флоридсдорфер со 9-0, и благодарение на подобрата гол-разлика од Австрија Клагенфурт, го освои првото место. И Австрија Клагенфурт не беше нежна во последното коло, го победи Вакер Инсбрук со 6-1. На крајот, Рид имаше гол-разлика 73-39, а А. Клагенфурт 65-36.

Но, фудбалската федерација на Австрија под притисок на јавноста, покрена истрага за да ги испита сомнежите за можно местење на резултатот со кој Рид го уништи противникот. Мечот ќе се анализира детално, а поразените Флоридсдорфер, објавија соопштение со кое им се извинија на навивачите за слабата игра и непрофесионалноста. Но, од клубот тврдат дека нема ништо сомнително и ги отфрлаат обвинувањата дека намерно му попуштале на противникот.

Флоридсдорфер е тим кој во 29 гола прими само 42 гола, а против Рид примија 9 гола, од кои четири во првите 20 минути.

Тренерот на А. Клагенфурт, се жалеше дека Флоридсдорфер им дозволил на пет фудбалери да заминат на одмор и со тоа ја ослабеле екипата пред мечот со Рид.

- Оглас -

Најнови вести