Ова е појако од автоголот во Скопје – Австриски репрезентативец се опи до бесвест, па го преспа тренингот (Видео)

Мартин Хинтерегер има проблем со два клуба, актуелниот Ајнтрахт Франкфурт каде игра како позајмен фудбалер, и со Аугсбург, клуб со кој има договор, откако во потполно пијана состојба е снимен на фестивал во Австрија.

Репрезентативецот на австриската репрезентација со 39 настапи играше и во Скопје против Македонија на 10. јуни годинава и си ја затресе својата мрежа во победата на гостите од 4:1.

https://twitter.com/daralandapaslar/status/1138160329232437248?s=20

Сега си даде уште појак автогол, а на снимката е видливо дека не може да стои, толку многу е пијан. И потоа следниот ден го преспа тренингот, па сега е најавена казна за него и од Ајнтрахт Франкфурт и од Аугсбург, но веројатно Хинтерегер сепак ќе продолжи да игра за клубот во кој е позајмен.

Мартин

- Оглас -

Најнови вести