Мурињо поднел список со девет барања за да се врати во Реал Мадрид

Најавите дека Жозе Мурињо може да се врати на клупата на Реал Мадрид стануваат сè поактуелни. Мурињо беше на чело на Кралскиот клуб во период од 2010 до 2013 година, кога се радуваше на титула во шпанското првенство (со рекорди 100 бодови и дадени 121 голови), како и освоен Куп, Суперкуп, но и три настапи во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Реал Мадрид е во потрага по нов тренер откако е многу веројатно дека сезоната ќе ја заврши без ниту еден освоен трофеј. Чаби Алонсо започна на клупата, но доби отказ откако ја загуби контролата над играчите во соблекувалната, па беше сменет.

На местото на Алонсо дојде Арбело Арбелоа, но тој беше како привремено решение. Сега најавите се дека Мурињо може да се врати на „Сантијаго Бернабеу“, но Португалецот поставил низа услови за тоа да се случи. Дури девет точки имало на листата со барања на Мурињо, а тоа се:

  • Целосна контрола над првиот тим и контрола над играчите во соблекувалната
  • Без интервенции од кој било во клубот, без разлика каде се наоѓа на скалата на хиерархија
  • Двегодишен договор
  • Сам да го одбере стручниот штаб со него
  • Одредени промени во играчкиот кадар
  • Седуммина играчи мора да си заминат
  • Целосна контрола над тимот задолжен за кондиционата подготовка на играчите
  • Комуникација само со Флорентино Перес, а не со неговите соработници
  • Целосна контрола за плановите за летни подготовки.

- Оглас -

Најнови вести