Автобусот за шампионите е на аеродром, навивачите ги чекаат златните момци (Фото)

Неколку стотина најверни навивачи на Вардар веќе се на скопскиот аеродром и трпеливо го чекаат пристигнувањето на златните момци. Верните фанови на европскиот ракометен првак, веќе неколку часа се загреваат за доаѓањето на европските шампиони.

Собирот беше пред салата „Јане Сандански“, каде имаше вистинска фешта, како најава за тоа што допрва треба вечерва да се случи. Навивачите заминаа на аеродромот, каде пристигнаа во предвидениот термин, но доцни чартер авионот со кој треба да пристигнат вардарци од Келн.

Пред околу половина час, авионот од Келн полета и според најавите, околу 21 часот ќе пристигне во Скопје. Доцнењето на авионот не ја наруши атмосферата меѓу навивачите, која е одлична. Пред аеродромот е и автобусот во кој треба да се качат новите европски прваци и потоа да заминат на плоштадот „Македонија“ во Скопје.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести