Азар дочека лична одмазда против Ватфорд

Еден Азар со два гола, по еден од игра и пенал, беше творец на победата на Челзи на гостувањето кај Ватфорд од 2-1 и ги врати лондонските „сини“ на четвртата позиција на премиерлигашката табела. Белгиската суперѕвезда сезонава има 10 гола и 9 асистенции, со што е најкорисен играч во англиското првенство.

Победата над Ватфорд, за Азар има посебно значење. Тој стана десетти фудбалер во историјата на Челзи кој постигнал 100 голови во дресот на овој клуб. Плус тоа, на последните 38 меча кога Азар даваше гол, Челзи имаше само еден пораз, и тоа во февруари токму против Ватфорд. Овојпат Азар даде два гола за да се осигури дека нема повторно да загубат од истиот противник.

Челзи на последните 14 меча на „Боксинг деј“ нема пораз (9 победи и 5 нерешени). Последниот пораз на 26-ти декември го имаа во 2003 година против Чарлтон.

Голот за Ватфорд го постигна Роберто Переира, кој има три гола на три меча против Челзи, со што лондонскиот тим му е омилена жртва. Инаку, резултатот на полувремето беше 1-1, а двата погодока паднаа во судиското продолжение.

- Оглас -

Најнови вести