Азар првпат по 19 месеци одигра цел натпревар

Белгија со максимален учинок ја комплетира групната фаза по вчерашната победа од 2-0 над Финска во последното коло, во која се случи нешто што се чекаше од 23 ноември 2019 година.

Еден Азар за првпат по 19 месеци успеа да одигра цел натпревар, било тоа за својата репрезентација или за Реал Мадрид. Капитенот на Црвените ѓаволи по толку долг период издржа 90 минути, најавувајќи дека повредите се зад него.

Во изминатите 19 месеци Азар поради бројните повреди, едвај успеваше да одигра половина час, ретко се случуваше да издржи до 60-та минута, но вчерашниот настап дава надеж дека конечно ќе може да им се стави на располагање на Кралевите во стартот на сезоната 2021/22.

- Оглас -

Најнови вести