Еден Азар уште еднаш покажа зошто е еден од најдобрите фудбалери во светот. Белгискиот репрезентативец постигна два гола и беше најзаслужен за победата на Челзи против Ватфорд на гости. Со тие два погодоци, Азар ја надмина бројката од 100 гола за Челзи. Во историјата на Челзи, Белгиецот е само 10-ти играч кој успеал да ја надмине бројката од 100 погодоци.
„Тоа е специјален момент за мене. Уште посреќен сум што победуваме со моите голови. Веќе имам 101 гол за клубот и тоа е неверојатно. Секогаш се трудам да одиграм најдобро што можам. Сакам да станам легенда на клубот, како што се Франк Лампард Џон Тери и Дидие Дрогба“, рече Азар.
Лампард е најдобар стрелец во историјата на клубот со 211 погодоци, а потоа следат: Боби Тамблинг (202 голови), Кери Диксон (193), Дидие Дрогба (164), Рој Бентли (150), Питер Осгуд (150), Џими Гривс (132), Џорџ Милс (125), Џорџ Хисдон (108) и Азар со 101 погодок.