Аѕурите броеја до шест, европскиот првак одигра „нула“ против Фуријата (видео)

Италија со убедливи 6-0 ја потопи отпишаната Молдавија како подготовка за претстојниот циклус во Лигата на нациите. Аѕурите на Роберто Манчини беа расположени за голеада на „Артемио Франки“ во Фиренца, па лесно ја запишаа петтата победа во меѓусебните дуели против молдавскиот национален состав.

Кристанте отвори во 19-тата минута, а до полувремето Италија веќе имаше недостижни 5-0 преку двата гола на Ел Шарави и автоголот на Посмац, а еден погодок запиша и Франческо Капуто во своето деби за репрезентацијата. Конечниот резултат го постави Берарди во 72-рата минута.

На 33 години дочека деби за Италија и го украси со гол (видео)

 

Соседите Португалија и Шпанија одиграа реми без голови во Лисабон на стадионот од Спортинг. Црвената фурија доминираше во средбата и имаше повеќе шанси преку кои можеше да го скрши мразот, меѓутоа голманот Патрисио вечерва беше на потребното ниво.

Кристијано Роналдо учествуваше во еден од поинтересните моменти на средбата, кога во 53-тата минута ја погоди пречката од голот на Кепа.

Бомбата не „пукна“ во мрежата: Роналдо ја помести конструкцијата од голот на Шпанија (видео)

Останати резултати:

Холандија 0-1 Мексико

Германија 3-3 Турција

Полска 5-1 Финска

Швајцарија 1-2 Хрватска

- Оглас -

Најнови вести